Светски ден на дивиот жив свет

Светскиот ден на дивиот жив свет е можност да се прослават многу убави и различни форми на дивата флора и фауна и да се подигне свеста за мноштво на бенефиции кои конзервацијата им го обезбедува на луѓето. Во исто време, овој ден не потсетува на итната потреба да се засили борбата против криминалот врз дивите животни, кој има широк опсег на економски, еколошки и социјални влијанија.

Дивиот жив свет, флората и фауната, има внатрешна вредност и придонесува за еколошките, генетските, социјалните, економските, научните, образовните, културните, рекреативните и естетските аспекти на одржливиот развој и човековата благосостојба. Од тие причини, сите држави-членки, системот на Обединетите нации и други меѓународни организации, како и граѓанското општество, невладините организации и поединци, се повикуваат да ги набљудуваат и да се вклучат во оваа глобална прослава на дивиот жив свет. Локалните заедници може да имаат позитивна улога во помагањето за спречувањето на илегалната трговија со диви животни.

Темата на Денот на дивиот жив свет за оваа 2017 е: „Слушање на младите гласови“, а повикува за ангажирање и зајакнување на младите. Овој ден ни дава нова можност да обезбедиме поттик за младите за справување со проблемите. Исто така, тоа е можност за нив да се вклучат еден со друг и заедно да го градат патот кон подобар свет.

Загубата на популацијата на видовите, климатските промени и криволовот се меѓу најалармантните предизвици со кои се соочува дивиот жив свет денес. Криволовот и трговијата со диви животни е непосредна закана за многу видови. Судбината на светската флора и фауна, наскоро ќе биде во рацете на следната генерација. За потребата од засилена акција за да се обезбеди опстанокот на живиот свет во неговите природни живеалишта треба да се пренесува од генерација на генерација, а младите треба да имаат можност да комуницираат за целите за зачувување на поширокото општество.

Секретаријатот на Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна (CITES), во соработка со други релевантни организации на Обединетите Нации, го олеснува спроведувањето на Светскиот ден на дивиот свет.

Со 183 земји-членки, CITES останува една од најмоќните алатки во светот за заштита на биолошката разновидност преку регулирање на трговијата со дивата флора и фауна.

WebOhrid