„Ставовите на Еди Рама ги толкувам како директно мешање, гледаме слиична тенденција и од Косово. Национал-романтизмот кај соседите преовладува и е доста опасен за унитарниот карактер на Македонија Сведоци сме на граѓански протести чија што цел е да се повика на заедништво на сите граѓани на Република Македонија, меѓутоа гледаме дека кај нас имаме политичари што ги обвинуваат сите оние кои ќе застанат на линијата за одбрана на Македонските национални интереси и ги прогласуваат за фашисти, од друга страна, имаме платформа што многу наликува на она што се случуваше во Втората светска војна, во која познато е движењето Бали Комбетар кое беше на страната на фашистичка Италија, потоа на фашистичка Германија, тука имаме една сличност на оние тези кои преовладуваат во соседството, а гледаме обвинување дека некој кој проповеда заедништво е фашиста“, смета Миноски.