На 03.06.2013 година, во 23:40 часот во ПС-Охрид, вработен како обезбедување во комплексот „Плаошник“, пријавил дека во комплексот, преку заштитната ограда влегло едно непознато лице со ПМВ и најверојатно врши ископување. Од страна на УПС излезено е на лице место, при што е констатирано дека се работи за В.Т.(45) од Охрид, кој со ПМВ „фолксваген“ влегол преку оградата во комплексот „Плаошник“, а кога дошле УПС, се дал во бегство. Истиот бил видно под дејство на алкохол и по издадената усна наредба да застане, истиот почнал да фрла камења кон УПС, а бегајќи, два пати паднал во ископините. По приближување на УПС, В.Т. со рака замавнал кон УПС, но не успеал да го удри, а со нога замавнал и го удрил другиот УПС во пределот на десната надколеница. Од страна на УПС, по преземени мерки В.Т. бил доведен во послушност и приведен во СВР-Охрид, каде му е извршено алкотестирање, при што е констатирано присуство на алкохол во крвта од 1,97 промили. По целосно расчистување на случајот против В.Т. ќе биде поднесен соодветен поднесок.