Во врска со случајот завчера (02.03.) евидентиран во ПС Прилеп, кога при побараната полициска асистенција од страна на лицето М.М. (53) за отворање на неговиот стан лоциран на ул “Гоце Делчев“ во Прилеп, издаден под наем, во станот беше затекнат В.М. (65) од село Могила, без знаци на живот, ПС Прилеп презеде низа мерки и активности при што случајот е целосно расчистен.
Имено, со оглед дека на телото на В.М. беа пронајдени траги на насилна смрт, беа обезбедени оперативни сознанија за можни извршители на кривичното дело. Притоа осомничени се две лица како можни сторители на кривично правниот настан и за истите беше распишан распис во координација со други СВР-а истите се пронајдени и приведени во ПС-Кавадарци.
Станува збор за лицата С.М. (32) и В.М.(33) и двајцата од Прилеп коишто целосно го признаа извршувањето на кривичното дело – “убиство“, кое што е извршено на 27 минатиот месец. Според документираните сознанија, осомничените со жртвата подолго време се познавале и во повеќе наврати го посетувале неговиот дом,така што критичниот ден заедно влегле во домот откога предходно купиле алкохол и потоа заедно конзумирале.
Првоосомничениот, откога побарал одредена сума на пари од жртвата а не ги добил од кујната зел кујнски нож и без да биде заприметен ја прободел жртвата во задниот дел во пределот на бубрегот,при што жртвата се завртила кон него и притоа уште еднаш бил прободен во пределот на градите и паднал на подот. Второосомничениот цело време била присутна за време на извршувањето на кривичното дело.
Откога го извршиле кривичното дело од џебот на панталоните го одзеле мобилниот телефон на жртвата како и телевизорот од станот притоа земајќи го клучот од станот, го заклучиле и се дале во бегство.
Од страна на увидна екипа подигнати се поголем број на биолошки,хемиски и дактилоскопски траги и со наредба на ЈО се испратени на вештачење во ОКТИВ при МВР на РМ.
Од страна на ПС Прилеп против двајцата осомничени до ЈО поднесе кривична пријава по чл.123 од КЗ.