ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да му даде поддршка на СДСМ, со своите 51 пратеник да формира влада, доколку СДСМ не ја прифати платформата, изјави членот на Извршниот комитет на партијата Никола Тодоров.
ВМРО-ДПМНЕ е позната по тоа што кога нешто јавно ќе каже се држи за тоа, она што како ветување ќе го дадеме тоа и го исполнуваме, а СДСМ впрочем има можност тоа и на дело да го испроба, она што сме го кажале остануваме на тоа. Доколку СДСМ со помош на албанските партии или партиите на Албанците од Македонија дојде во позиција да формира влада и доколку поради тоа е уценета да мора да ја прифати Платформата или делови од Платформата, со цел таа Платформа да не ја прифати, ниту делови од Платформата, ние сме подготвени да ја поддржиме како малцинска влада, со нашите 51 пратеник, изјави Тодоров.
Тој надополни дека тие се подготвени на сите сценарија на СДСМ против членовите и фунционерите на ВМРО-ДПМНЕ, само доколку се откажат од Платформата или некој од нејзините делови.
Без разлика на она што СДСМ планира да го прави на ВМРО-ДПМНЕ или на било кој од членовите или фунционерите на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа значи ние безусловно и по секоја цена ќе ги поддржуваме СДСМ во се, само доколку се откажат од Платформата или од спроведувањето на некои од нејзините делови, кажа Тодоров.