Денес, во првата сабота од Великиот пост – Тодорова сабота, во црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ, кој со пост и молитва се беше подготвил за соединување со Спасителот во светата Чаша, со пригодна беседа.