Македонското меѓународно движење за човекови права им честита на Македонците, од сите политички партии, затоа што заедно застанаа во одбрана на Македонија и ја отфрлија Тиранската платформа – која е во насока на создавање на Голема Албанија, на сметка на територијалниот интегритет на Македонија. Одбивањето на претседателот Иванов да му го додели мандатот на Зоран Заев, и покрај притисокот од западните земји, е сигнал дека македонските политичари конечно застанаа во одбрана на македонските национални интереси, благодарејќи и на Македонците кои што масовно го кренаа својот глас.
Уште од осамостојувањето на Република Македонија, ММДЧП во континуитет барале од владата, без оглед која партија е на власт, да не дозволи мешање на странски држави, да отфрли било каква политичка пристрасност и пред се’ да застане во одбрана на националните интереси на Република Македонија, како што впрочем прави и секоја друга држава. Од тие причини, ММДЧП ги осуди антимакедонските активности од двете најголеми политички партии. За сите граѓански и домашни проблеми, Македонците се тие што самите ќе ги бараат позитивните и негативните аспекти во политиките на било која партија, а не владите од западните држави, па дури и Македонците кои што живеат надвор од државата. Како и да е, кога станува збор за националните интереси на Македонија и човековите права на Македонците, ММДЧП жестоко ги брани и се залага за нив.
Македонците покажаа дека повеќе нема да толерираат воени злосторства, кои, со странска помош, може да доведат до запечатување на судбината на државата. Македонците нема да толерираат помалку од 20% од населението на државата, кои што се верни на две странски држави, да држат во заложништво 80% од луѓето кои што живеат во државата. Македонците нема да толерираат ниту еден политичар кој што се покорува на овие анти-македонски барања.
Како што може да се види од неодамнешните најави од страна на Европскиот парламент, Амбасадата на САД и од Европската Унија, за Македонија, или да бидеме попрецизни за „оваа земја“ како што би рекла Федерика Могерини од ЕУ, тие очигледно интервенираат во внатрешните работи на Македонија, што веќе и не го негираат. ЕУ се закануваат со одложување на прием на државата како членка на ЕУ, доколку не се дозволи владина коалиција која ќе ја прифати Тиранската платформа. Но притоа забораваат да наведат дека зачленување во ЕУ може да се случи само доколку Македонија го смени своето име, со што, со поддршка од Западот, би се задоволил угнетувачот Грција. Да не го заборавиме и Европскиот парламент кој што застана зад Бугарија, која со расистичка резолуција потврди дека македонското малцинство во Албанија е „бугарско“.
ММДЧП останува верна на својата дведецниска политика и од Македонија бара:
• Неодложно и неотповикливо да се повлече од преговорите за менување на името, под покровителство на Обединетите Нации;
• Да одбие било какво мешање во внатрешните работи на Македонија;
• Протерување од државата на амбасадорот Бејли и сите други странски дипломати кои што ги поддржуваат активностите на Амбасадата на САД;
• Да се осудат сите албански воени злосторници кои што добија аместија за извршените злосторства во 2001 година;
• Прогласување на Времената спогодба од 1995 година за неважечка и, согласно со тоа, да се врати оригиналното македонско знаме;
• Да се поведе грижа за човековите права за угнетените Македонци во сите региони на распарчена Македонија (Грција, Бугарија, Албанија, Косово и Србија) и имплементација на истите права за Македонците како што е загарантирано и за Албанците во Охридскиот рамковен договор;
• Активно и жестоко промовирање за вистината за Македонија. Ние сме меѓународно признати. И бараме тоа да се почитува.
Ваквите декларации се идентични со активностите на било која држава која што се грижи за себе. Видовме како САД одговорија на нападите врз нивната демократија. Двојните стандарди за Македонија завршуваат сега.