Овации за македонецот: Христијан Тришоски помина директно во третиот круг

Македонецот Христијан Тришоски својот настап во вториот круг го започна со евергринот „Море сокол пие“, за на крај да ја отпее „Боже чувај ја од зло“ од легендарниот Тоше Проески и да ги освои сите гласови од стручното жири, а со тоа и директно да се пласира во третиот круг на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

„Сјајно, Христијан! Уште при изведбата на првата песна на сите и беше јасно што се случува тука. Честитки уште еднаш“, прокоментира Ана Бекута и се приклучи на бројните позитивни коментари и овации за маестралниот настап на Тришоски.

Во следниот круг нивото на критичност повторно се зголемува, а само нијанси ќе одлучуваат кои од кандидатите ќе продолжат со шоуто. „Ѕвездите на Гранд“ е регионално музичко шоу на кое се бара комплетна ѕвезда – одличен вокал, изглед и родена ѕвезда. Наградата за победникот и оваа година е луксузен стан во Белград, комплетен музички албум, видеозаписи и комплетен маркетинг од продукцијата „Гранд“, додека второпласираниот кандидат ќе треба да се задоволи со бесен автомобил. Сите кандидати што ќе влезат во големото супер финале ќе добијат на подарок една песна од продукцијата за старт на кариерата.

Море сокол пие

https://www.facebook.com/gledytv/videos/1173013989462431/

Боже чувај ја од зло

https://www.facebook.com/gledytv/videos/1173018496128647/