Ова е рушење на унитарноста.Воведувањето двојазичност ќе значи и воведување на бинационална држава, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Денес сме во фаза кога гледаме дека оној што се пазари нема поддршка од мнозинството, посочи Димовски.
Вели дека албански пратеници се залагаат за консензуално одлучување во Македонија, наспроти мнозинско одлучување, што според него, е федерализација.
Димовски истакна дека воведувањето на двојазичност е првата фаза на федерализација, а оти во втората ќе се искористат границите од територијалната поделба од Законот од 2004. година.