По повод Меѓународниот ден на жената 8- ми март, и оваа година во организација на Женскиот центар „Бисера“, синоќа беше отворена изложба на дела од сликарки од Охрид.
Изложбата беше отворена во Центарот за култура „Григор Прличев“, а ќе трае до 13-ти август годинава. Свеченоста со своја изведба ја збогатија ученици од Средното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ од Струга и танцовата група „Соната“ Охрид.
„Оваа година ја организиравме дваесет и втората изложба по ред на дела од сликарки од Охрид и одбележување 10 години меѓународна соработка со Организацијата на жени од Будва.“– информираат од ЖЦ „Бисера“.