Жител од Лескоец заработи кривична поради фалсификување пари

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ фалсификување пари“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.Р. (34) од охридското село Лескоец.

На 11-ти минатиот месец, пријавениот, во продавницата „Балкопром“ во струшката населба Плитишта, во оптек пуштил фалсификувана банкнота од 1000 денари со сериски број БА3427637. Н.Р. со лажната банкнота купил цигари и ја напуштил продавницата а вработената се посомневала во банкнотата и веднаш го пријавила настанот.

По преземање на потребните оперативни мерки, полициските службеници го утврдија идентитет на сторителот, набрзо го пронајдоа и го лишија од слобода. Се работи за лице кое сакајќи да се стекне со противправна имотна корист, слични лажни банкноти сакајќи да ги претстави како вистинити, во оптек пуштил и во повеќе продавници во Охрид, Струга, Битола и Прилеп.

Банкнотата е одземена и предадена на вештачење во Народната банка на Република Македонија од каде со експертиза е утврдено е дека банкнотата во апоен од 1000 денари со сер.бр БА3427637 е фалсификат.