Претпријатијата кои подготвуваат нацрт-проекти за тековните инструменти на Фондот за иновации и технолошки развој, односно за кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации, од денеска до 22 март можат да аплицираат за учество на работилницата која Фондот ја организира на 8 и 9 април, а со цел подобра подготовка на предлог проектите.
Бројот на места е ограничен, така што право на учество ќе имаат првите 20 претпријатија кои пред почетокот на работилницата ќе имаат изготвено нацрт проект. Заинтересираните можат да аплицираат на следниот линк https://goo.gl/qKteyk.
Компаниите учеснички ќе добијат поддршка во градењето на нивните капацитети за изработка на предлог проектите, но учеството на работилницата не гарантира и доделување на финансиска поддршка.