Министерот Лутфиу доби плакета – почесен сертификат од IG Alpbach Albania

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу се сретна со претседателот на IG Alpbach Albania, Едисон Франгу.

Во текот на посетата г-дин Франгу на министерот Лутфиу му се заблагодари за придонесот во невладиниот сектор, а особено за придонесот и поддршката во клубот Alpbach во Албанија, истакнувајќи дека таквиот модел треба да се следи од страна на сите клубови на Alpbach мрежата.

Франгу го информираше министерот Лутфиу за одвивањето на понатамошните проекти на клубот и истовремено го покани да се вклучи во активностите кои ќе бидат организирани во Тирана.

Во текот на средбата Франгу во името на IG Alpbach Albania на министерот Лутфиу му додели плакета – почесен сертификат за придонесот и поддршката на Клубот.

Претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани е првиот што се закити со Плакета – почесен сертификат за придонесот во невладиниот сектор, а особено за клубот Alpbach во Албанија.