Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „учество во тепачка“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(27), А.К. (24), Ј.М. (23), И.У. (19) и И.У.45) сите од Охрид.
Казнените дела се сторени на 17-ти јануари оваа година околу 23 часот на булеварот „Туристичка“ во близина на градскиот пазар во Охрид. Тука, дошло до тепачка помеѓу прво, второ и трето пријавените од една, со четврто и петто пријавените, од друга страна. Најнапред настанала меѓусебна вербална расправија која набрзо прераснала во жестока тепачка. Притоа, првите тројца пријавени употребиле метална шипка и дрвена летва при што четвртопријавениот се здобил со тешка телесна повреда, а петтопријавениот се здобил со телесна повреда. Повредените, биле пренесени во општата болница во Охрид каде биле задржани на лекување.
На местото на настанот, криминалистичко технички увид извршија полициски екипи при СВР Охрид.