Работилница на Фондот за иновации и Наградата за социјално претприемништво

Генерирање бизнис идеи во рамки на Наградата за социјално претприемништво (Social Impact Award 2017) е тема на работилницата што ќе се одржи денеска во Фондот за иновации и технолошки развој.

На оваа прва работилница на Фондот и Наградата, младите ќе имаат можност да навлезат во терминологијата и суштината на социјалното претприемништво, примарно ќе ги идентификуваат проблемите во својата локална заедница, а потоа ќе дадат и идејни решенија за нив. Дополнително, ќе бидат информирани како полесно да дојдат до извори на финансирање и во таа насока, Фондот ќе ги презентира инструментите: кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.