Денес во Брисел се одржа 13-от Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика. Во рамки на Поткомитетот беа презентирани активностите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно медиумската легислатива и Изборниот законик.
Заклучоците на Европската комисија кои произлегоа од Поткомитетот се во насока дека Агенцијата ќе продолжи да обезбедува независност, предвидливост и транспарентност како регулаторно тело за медиуми, особено имајќи ја предвид важноста на Агенцијата како тело кое гарантира едно од најосновните права кое е есенцијално за владеењето на правото, како и дека Агенцијата ќе ја следи активно ревизијата на Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги.