Промовирана Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, денес, свечено ја промовираше Мрежата за медиумска писменост на Република Македонија, чија цел е унапредување на соработката меѓу различните чинители во македонското општество кои креираат и спроведуваат политики и реализираат активности и проекти во сферата на медиумската писменост. Мрежата има 34 основачи – образовни установи, граѓански организации, медиуми и државни институции, меѓу кои и две министерства – Министерство за образование и Министерство за труд и социјална политика. Мрежата е отворена за нови членови, кои можат да и пристапат со потпишување и депонирање Пристапница.…

повеќе...

Новинари од повеќе европски медиуми во посета на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беше домаќин на новинари од неколку европски медиуми, меѓу кои: радијата (Deutsche Welle – Германија; Rai3, Radio Popolare – Италија; и National Spanish radio – Шпанија), печатените медиуми (Wiener Zеitung – Австрија; La Libre – Белгија; Trud – Бугарија; Hospodarske Noviny – Чешка; Luxemburger Wort – Луксембург; Evenimentul Zilei – Романија; Altinget – Шведска; Groene Amsterdammer – Холандија; The Gardian – Велика Британија), телевизијата ORF – Австрија и новинската агенција Athens news agency – Грција. Целта на посетата на новинарите беше одблизу да…

повеќе...

Во Брисел се одржа Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика

Денес во Брисел се одржа 13-от Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика. Во рамки на Поткомитетот беа презентирани активностите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, согласно медиумската легислатива и Изборниот законик. Заклучоците на Европската комисија кои произлегоа од Поткомитетот се во насока дека Агенцијата ќе продолжи да обезбедува независност, предвидливост и транспарентност како регулаторно тело за медиуми, особено имајќи ја предвид важноста на Агенцијата како тело кое гарантира едно од најосновните права кое е есенцијално за владеењето на правото, како и дека Агенцијата ќе ја следи…

повеќе...

Работна средба на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги и Државната изборна комисија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска беше домаќин на работната средба со членовите на Државната изборна комисија. Во фокусот на состанокот беа меѓусебното информирање за досегашните активности, како и напорите насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива. На средбата уште еднаш беа потврдени заложбите за натамошна соработка во согласност со Меморандумот за соработка, потпишан во февруари годинава. Од почетокот на мониторингот на медиумското известување во пресрет на изборите во декември 2016 година, Агенцијата повторно започна да и доставува на Државната изборна комисија седмични извештаи за…

повеќе...

Аудио книги за слепите и слабовидни лица

Меморандум за меѓусебна соработка за зголемување на фондот на аудио книги во Одделението за слепи и слабовидни лица при НУБ „Св.Климент Охридски“ денеска потпишаа министрите за труд и социјална политика и за култура, Диме Спасов и Елизабета Канческа-Милевска со Националниот сојуз на слепи лица на Македонија, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид, Клубот на оратори и со претставници на националните телевизии и радија. Министерот Спасов се заблагодари за подршката на партнерите потписници на меморандумот, МРТ, Канал 5, Сител, Аласт М, 24 Вести, Сити радио, Клуб…

повеќе...

ЛАБАВО ЛАВАБО го про​мовираат својот Прв ​сингл – „Во твојата ​улица“

Момците од Лабаво Лавабо, познати по својата креативност и динамичните настапи, го промовираат својот прв сингл! По големиот успех со преработката на “Niggas in Paris” и одличните реакции на публиката тие повторно изненадуваат со нешто ново, овојпат со нивната прва авторска песна. “Во твојата улица” е најсвежиот производ од работилницата на Лабаво Лавабо и Nipple records, во соработка со Ристо Алчинов (recording, mix, mastering). Како гости во песната се појавуваат Нина Јанева (пратечки вокали) и Кире Бреслиев (труба). Музиката и текстот се дело на фронтменот Бојан Филиповски, додека пак аранжманот…

повеќе...

Аудиовизуелна лабораторија на Факултетот за драмски уметности

Во новата аудиовизуелна лабораторија  на Факултетот за драмски уметности веќе се работат дипломските филмови на студентите од неколку класи. Таа е инсталирана преку проектот на Владата на РМ и Министерството за образование и наука за набавка и опремување на лаборатории на јавните високообразовни институции и во неа се инвестирани 700.000 евра. Премиерот Никола Груевски денеска ја посети лабораторијата на ФДУ и изјави дека е задоволен од задоволството на студентите и професорите кои со неа добиле соодветни услови за вежби и продукции, какви што постојат на филмските академии низ светот. „Таа…

повеќе...