РК Охрид утре во 19:30 часот на домашен терен во Спортската сала „Билјанини Извори“ ќе го пречека тимот на Пролет, во рамките на 17-то, претпоследно коло од ракометната ВИП Супер лига.
„Според табелата, мислам дека ние сме тимот кој е фаворит, а тоа утре и ќе го докажеме на терен. Се подготвувавме цела недела за овој натпревар, кој воедно може да се каже дека ќе биде и тренинг натпревар за плеј-офот кој следува.“ – изјави Лазар Адамовиќ.
„Бев кратко во тимот на Пролет, која како млада екипа не е некое мерило за нас. Сепак сме први на табелата, докажавме дека можеме да се носиме, го направивме тој историски успех за клубот и за градот. Први сме, се надевам и дека ќе останеме први, тоа се тие две кола, со Пролет и со Радовиш. Натпреварот со Пролет ќе ни биде еден вид тест пред тој плеј-оф, кој ни значи многу, да гледаме да бидеме што погоре на табелата, за да го освоиме тоа трето место.“ – изјави Дарко Јанев.
На само две кола пред крајот од натпреварите во ВИП Супер лигата, РК Охрид и РК Пелистер го делат првото место со по 37 бодови.
WebOhrid