Започнаа училишните „Игри без граници“ во ОУ „Братство Единство“

Започнаа училишните игри без граници 2017 наменети за учениците од основните училишта од Охрид, во организација на Извидничкиот одред Пионер, а со поддршка на Општина Охрид. Денес во ОУ „Братство Единство“ од Охрид, успешно се реализира првото коло од училишните игри без граници. На овој спортски настан, кој се одржа во училишната спортска сала во ОУ „Братство Единство“, учествуваа повеќе екипи со мултиетнички состав.

Основна цел на настанот пред се е дружење и стекнувањето на нови пријателства, стекнување на доверба помеѓу учесниците и јакнењето на тимската работа, развивање на натпреварувачкиот дух меѓу децата и откривање на одредени вештини кои што до тогаш немале прилика да ги покажат и презентираат.

„Училишните „Игри без граници“ продолжуваат понатаму, повторно се дружиме, по вторпат заедно во весела атмосфера со сите дечиња. Одлично е тоа што по вторпат продолжува нашето училиште со соработка со Извидничкиот одред „Пионер“, повторно соработуваме, имаме опфатено вкупно 184 ученици кои што се поделени во 46 екипи, од кои 22 екипи се од централната зграда и барака и 24 екипи од зградата во Лескајца. Овојпат имаме уште помасовен одѕив на дечињата за реализација на овие спортски активности и се надевам дека ќе продолжиме и понатаму со уште помасовно присуство на дечиња, а посебно ме радува што ги имаме опфатено сите националности, бидејќи ние сме училиште кое функционира како мултиетничка средина, заедно ќе се дружиме сите, и Македонците, Турците, Албанците, Египпќаните, Ромите и Македонските Муслимани. Чест ми е и посебно задоволство, да ја гледаме оваа пријатна атмосфера, да ја споделам радоста со дечињата, со моите колеги, со родителите, со вас медиумите и со сите останати кои присуствуваат на овој настан.“ – изјави Марија Голабоска, одделенски наставник во ОУ„Братство Eдинство“ Охрид.

WebOhrid