По повод 21 март – Светскиот ден на поезијата, НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид и Почесниот конзулат на Руската федерација – Охрид, организираат книжевно пладне на кое ќе биде претставен избор од творештвото на руските поетеси Ана Ахматова (1889-1966) и Марина Цветаева (1892-1941). За нивниот живот и поезијата ќе зборува Елена Обухова, а стиховите ќе ги интерпретираат Маја Мојсова и Тоде Илиевски.