ПС Гевгелија поднесе кривичнa пријавa против И.М. (27) од Струга и против Б.Р. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Првопријавениот на 10.07.2016 година околу 01.20 часот во атарот на с.Миравци, во непосредна близина на угостителски објект, од страна на полициски службеници е застанат пријавениот кој се превезувал како сопатник во ПМВ марка „Фолсваген Пасат“, а при прегледот на возилото на задната десна врата е пронајдена и одземена 0,28 грама марихуана. Второпријавениот на 09.07.2016 година околу 22.15 часот во атарот на с.Миравци, во непосредна близина на угостителски објект, од страна на полициски службеници е застанат пријавениот кој се превезувал како сопатник во ПМВ марка „Опел Астра“, а при преглед на возилото на седиштето од сопатничката страна е пронајдена и одземена 0,29 грама грама марихуана.