Денес, на северната полутопка на Земјата, во 11 часот и 28 минути календарски почнува пролетта. Во исто време на јужната полутопка на Земјата календарски започнува есента.
Првиот пролетен ден ќе трае 12 часа и 5 минути. Сонцето ќе изгрее во 5 часот и 39 минути, а ќе зајде во 17 часот и 44 минути. За првиот ден од пролетта метеоролозите најавуваат сончево време со мала доумерена облачност, со максимална температура до 23 степени.
Пролетта ќе трае до 21ви јуни кога календарски започнува летото. Летното сметање на времето, пак, ќе почне ноќта меѓу 25 и 26 март кога часовниците ќе треба да се поместат еден час нанапред.