Димитриев: Единствена солуција за излез од кризата е одржување на нови и брзи парламентарни избори

Вие не можете да ги затворите очите дека имате сто или двесте илјади луѓе на улица, сега во овој момент е многу важно да се спомене дека темите кои што се отворија во јавноста не беа дел од предизборната кампања. Платформата во Тирана не беше дел од кампањата за да се придобијат граѓаните на оваа земја, вели премиерот Емил Димитриев.

„После изборите видовме платформа и програма која класично изманипулира со граѓаните, СДСМ и Заев не сакаат да откријат што содржи таа платформа и не смее да се отфараат дебати за таа платформа, единствена дебата во моментов може да се води со граѓаните, а тоа е можно само преку нови избори и граѓаните да одлучат дали се за смена на името, знамето, јаикот и грбот на оваа земја. За мене единствена солуција за излез од оваа криза е одржување на нови парламентарни избори со отварање на сите прашања, бидејќи со овие прашања кои се содржани во платформата можат да дадат одговор само граѓаните на нашата земја“, истакна Димитриев.

Тој вели дека е оптимист дека во скоро време ќе има нов претседател на собранието.