Децата правобранители при СОСУ (Средното Општинско стручно училиште) „Свети Кирил и Методиј”, утре ќе извршат презентација на нивната функција во оваа образовна установа и ќе го претстават проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето, во Република Македонија.
Презентацијата ќе се одвива во училиштето, во периодот од 12:30-13:30 часот.