Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречија обид за нелегално изнесување на 43.800 евра.
На 23 март 2017 година околу 7:15 часот, на излез од Република Македонија на граничен премин Табановце се пријавило моторно возило со македонски регистарски таблици, управувано од македонски државјанин, со кој патувале уште двајца сопатници, еден македонски и еден турски државјанин. На прашањето од царинските службеници дали имаат нешто да пријават, само едниот сопатник – турскиот државјанин одговорил дека со себе носи 9.000 евра, а другите две лица одговориле дека немаат ништо за пријавување. При преглед на лицата и возилото, покрај уредно пријавените 9.000 евра, во предниот дел од возилото во термос за кафе царинските службеници пронајдоа 34.800 евра, а во кутија за шеќер сместена во фабричката преграда на десната врата уште 10.000 евра.
Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра кои нерезидент (во случајов турски државјанин) може слободно да ги изнесе од Македонија, а останатите 43.800 евра за кои немало никаков документ за потекло привремено се задржани.
Царинската управа против сторителот започна соодветна постапка.