Средба на министерот д-р Агим Нухиу со членови на мисијата на УНХЦР

Министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу денеска се сретна со Заменик директорот на Регионалното Биро на УНХЦР за Европа при главната канцеларија на УНХЦР Ангела Ли Роси придружувана од соработниците и претставникот на УНХЦР во Република Македонија Мохамед Ариф.

На средбата двете страни ја потенцираа досегашната соработка која ја карактеризираа како многу успешна и плодна. Имено, зборуваа за координација на активностите за едно системско решение во врска со мигрантската криза, лицата без државјанство и имплементација на европските стандарди во врска со правото на азил..

„Министерството за внатрешни силно ќе се посвети на спроведување на европските вредности за третманот на мигрантите , лицата без државјанство и лицата кои поднесуват барање за азил“ истакна министерот Нухиу.