Сајбер тероризмот како средство за остварување на политички и економски цели на напаѓачите со помош на информатичкатаопрема и комуникацискитесредства прераснува во водечка закана за безбедносниот и целокупниот систем на државите, на национално и глобално ниво, рече министерот д-р Агим Нухиу во своето обраќање на националната вежба за проценка на ризици и вежби за управување со кризни ситуации во организација на ОБСЕ.
„Иако Република Македонија досега не била цел на посериозни сајбер напади, истата не е имуна на оваа закана поради што обезбедувањето на сајбер просторот од сајбер нападите претставува наш сериозен предизвик. Покрај зајакнувањето на безбедносните ресурси и капацитети, наш приоритет е и продлабочувањето на соработката со приватниот сектор, бидејќи единствено заедно можеме да придонесеме во ефикасната превенција и изноаѓањето на соодветен одговор од евентуални сајбер напади“, рече министерот Нухиу.
Во продолжение интегрално ви го пренесуваме обраќањето на министерот Нухиу.
Дозволете ми најнапред да се заблагодарам на организаторите од ОБСЕ за укажаната можност, во име на Министерството за внатрешни работи на Р.Македонија и во мое лично име, да им посакам успешна работа на сите учесници на овој значаен настан, а кој има за цел зајакнување на нашите знаења и капацитети за превенција и справување со можните сајбер напади врз критичните енергетски и индустриски инфраструктури во земјава.
Во оваа прилика сакам да истакнам дека живееме во време кога сајбер-просторот прерасна во глобална мрежа на системи и информации која нуди неограничени можности за владите, бизнисите играѓаните. Но, истовремено овој виртуелен свет е изложен на растечки закани и ризици како од сајбер криминалците, така и од сајбер терористите. Токму поради тоа што работењето на овие клучни инфраструктури во една држава, како транспортот, сообраќајот, електродистрибуцијата, водоводните мрежи, платениот промет, безбедносните системи и слично, сè повеќе се потпираат на компјутерските и информатички технологии, постои опасност истите да бидат „мета“ на сајбер напади кои можат сериозно да го нарушат нивното функционирање, да предизикаат огромни штети, страв и паника, но и човечки жртви.
Денес, сајбер тероризмот како средство за остварување на политички и економски цели на напаѓачите со помош на информатичкатаопрема и комуникацискитесредства прераснува во водечка закана за безбедносниот и целокупниот систем на државите, на национално и глобално ниво.
Иако Р.Македонија досега не била цел на посериозни сајбер напади, истата не е имуна на оваа закана поради што обезбедувањето на сајбер просторот од сајбер нападите претставува наш сериозен предизвик.
Покрај зајакнувањето на безбедносните ресурси и капацитети, наш приоритет е и продлабочувањето на соработката со приватниот сектор, бидејќи единствено заедно можеме да придонесеме во ефикасната превенција и изноаѓањето на соодветен одговор од евентуални сајбер напади.
Почитувани,
На крај, би сакал да потенцирам дека оваа тејбл-топ вежба е од исклучително значење поради можноста претставниците од приватниот и јавниот сектор заедно да дискутираат, да разменат мислења и да се стекнат со нови искуства од оваа област, како и целокупната сајбер безбедност, особено поради фактот што и нашата држава, како и голем број земји во светот, се соочува со асиметрични закани, вклучително и закани од сајбер тероризам.
Дозволете ми уште еднаш да се заблагодарам на ОБСЕ што го овозможи остварувањето на оваа вежба, а на останатите гости да им се заблагодарам за присуството и да им посакам плодна и успешна работа.