Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“ криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против Ш.О. (52) од Струга.
По примена пријава од граѓани, извршен е инспекциски надзор од градежна инспекција при општина Струга. Притоа, утврдено е дека пријавениот Ш.О. како инвеститор на земјиште сопственост на станарите, без одобрение за градба започнал со доградба на приземјето од колективна станбена зграда со димензии 2,3×1,3метри лоцирана на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга.
Поради констатирани незаконитости, општинската градежна инспекција-Струга донесла решение и заклучок за отстранување на градбата.