ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:
„Додека општинската администрација секојдневно трпи закани и уцени и е присилена да излегува на протести во одбрана на криминалите на ракводството на ВМРО-ДПМНЕ градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески и нивните блиски соработници од општинските сектори на општински трошок прават екскурзии низ Европа.
Поведени од примерот на нивниот лидер Груевски, првите луѓе на Општина Охрид заминуваат од државата, а ги присилуваат вработените секојдневно да излегуваат на протести, лажејќи ги за некакви платформи и федерализации. Ваквото дрско и самоволно однесување на Бакрачески и соработниците уште еднаш докажува дека тие немаат ниту минимум грижа за потребите на граѓаните, туку единствено гледаат како да искористат што поголем личен бенефит за краткото време кое им преостанува како локална власт.
По промените на централната власт, наскоро следуваат промени и на локално ниво. Охрид ќе добие одговорна локална власт која нема да ги малтретира и понижува граѓаните, туку ќе работи исклучиво во нивен интерес.“ – стои во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.