Утре, во просториите СОСУ „Св.Кирил и Методиј“, Охрид со почеток во 12 часот и 30 минути ќе се одржи првата дебата за оствареност на Индексот за детските права.
Дебатата се организира во рамките на редовните активности на Коалицијата на младински организации „СЕГА” и „Младински Совет” – Охрид, согласно проектот за имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Република Македонија.