Ѓорѓиевски: Не може луѓе кои учествуваа во хулигански протести денес да зборуваат како треба да се брани Уставот

„Собранието е столб на демократијата и секој оној кој ќе посегне против Собранието, а утредента дојде овде и каже како треба да се брани Уставот, како треба да се зборува по Деловникот, нема ниту морална, ниту етичка кредибилност да зборува и да претставува една Комисија“, истакна на денешната Собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓорѓиевски.

Посочи дека луѓето кои се ставени да бидат претставници во Комисијата за избори и именување се луѓето кои учествуваа во, како што вели, насилните, хулигански протести против Собранието.

„Сметам дека сите луѓе кои се претставени во оваа Комисија треба да имаат и морална и етичка и човечка кредибилност за да можат да работат овде,“ порача Ѓорѓиевски.

Тој пренесе и порака до пратениците на ДУИ од граѓаните на Куманово.

Во Куманово и Липково се правеше свадбата, невестата се однесе на друга страна. Кумановци веќе не се заинтересирани за правење свадба, е пораката од Кумановчани, цитирана од пратеникот.