Вечерва, со почеток во 20 часот ќе биде отворен првиот Пивски Центар- Колектив. Локалот се наоѓа на градскиот плоштад „Македонија“ веднаш до Калиопе и ЕВН.
Во Пивскиот центар „Колектив“ ќе може да пробате над 30 видови пиво, какви што досега немало кај нас. Пиво со вкус на чоколадо, ванила или мајчина душица е само дел од понудата на уникатни домашни пива.
Покрај големиот избор на пиво, ќе може да се дегустираат и вкусни мезиња кои одлично одат со освежителниот алкохолен пијалок.
Се очекува „Колектив“ да стане омиленото катче на градскиот плоштад „Македонија“ каде што граѓаните ќе може да уживаат во зеленило и сенка преку ден и во одлична забава навечер.