Македонија и Италија негуваат исклучително добра соработка во областа на културата

Канческа-Милевска информираше и дека во Република Македонија со низа настани, ќе се одбележи претседателството на Република Италија со Европската Унија. Министерството за култура до крајот на годината ќе биде покровител на неколку културни содржини кои се организираат во соработка со Амбасадата на Република Италија …

„Република Македонија и Република Италија негуваат исклучително добра соработка во областа на културата, а оваа за нас пријателска земја е истовремено и наш голем партнер и поддржувач во реализацијата на бројни културни иницијативи“, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска синоќа во Македонскиот народен театар, за италијанските медиуми „Ил Матино“, „Чита“, „Република“ и „Кориере дела Сера“ кои се специјални известувачи од 2-то издание на фестивалот Џифони-Македонија, Канческа-Милевска.

Во својата изјава до медиумите, Канческа-Милевска заедно со амбасадорот на Италија во Македонија, Ернесто Масимино Белели, директорот на „Џифони“, Клаудио Губитози, како и директорот на Агенцијата за филм, Дарко Башески, го изрази задоволството што нашата земја , во рамките на фестивалот „Џифони“ , е домаќин на италијанскиот театар „Сан Карло“, кој е еден од симболите на Неапол и вистински храм на италијанската опера.

Канческа-Милевска информираше и дека во Република Македонија со низа настани, ќе се одбележи претседателството на Република Италија со Европската Унија. Министерството за култура до крајот на годината ќе биде покровител на неколку културни содржини кои се организираат во соработка со Амбасадата на Република Италија. Како резултат од тоа, на крајот на месецов во Археолошкиот музеј ќе биде отворена ексклузивната изложба на реплики од „Мозаиците од Равена“ кои се заштитени од УНЕСКО. На почетокот на ноември македонската јавност ќе има можност да ја види изложбата „Фарнезина 50-ти години“ која е колекција на дела од најпознатите сликари од италијанскиот модернизам, во сопственост на италијанското Министерство за надворешни работи.

Второто издание на фестивалот за млади Џифони-Македонија на кој учествуваат 600 деца на возраст од 10 до 18 години од земјите во регионот, завршува на 12 октомври. Во рамките на фестивалот и годинава младите се дружат и преку богатата програма, креативни работилници и дружење ќе ја подигнат свеста за филмот но, и за воопшто за културата и уметноста.