НК КР Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Кичево и П.П. (55) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”.
На 16.03.2017 година во Кичево од магацин лоциран на магистрален пат Кичево-Охрид, пријавените со товарно возило влегле во кругот на претпријатието и без да бидат забележани од никого одзеле метални предмети оштетувајќи го претпријатието за околу 180.000 денари. По ова пријавените предметите ги продале во отпад за старо железо во Кичево.