Притворен албанскиот државјанин кој пустошеше шума кај Св.Наум

На 28.03.2017 година во 18:00 часот, од страна на полициски службеници од ГП-ГН „Св.Наум“, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ кражба“ по чл.235 став 3 од Кривичниот законик на Р.Македонија, приведен е Ќ.Х. (49) од Р.Албанија.

На 29.03.2016 година во 16:30 часот лицето е изведено пред судија на претходна постапка во Основен суд-Охрид, каде му е одредена мерка притвор во траење од осум дена и е спроведено во Казнено-поправната установа Охрид.