Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, постигна договор со претседателот на Македонскиот Олимписки комитет (МОК) Васил Тупурковски за вршење на директни преноси од страна на МОК ТВ (YouTube каналот) од натпреварите од домашното првенство како и меѓународните натпреварувања во организација на МКФ за сите возрасни категории и во двете конкуренции (машка и женска).
Материјалите од снимените видео записи ќе бидат дадени на користење на МКФ сè со цел што подетални анализи на постигнатите резултати и прикажаните перформанси на сите учесници на натпреварот.
Двете страни, МКФ и МОК, веруваат дека со оваа наградена блиска соработка ќе се зголеми вредноста на заедничките напори за подобрување на перформансите и резултатите на нашите најдобри кошаркари и кошаркарки, во сите возрасни категории.
Македонскиот олимписки комитет веќе изврши пренос на неколку кошаркарски натпревари, а следен пренос на МОК ТВ е натпреварот меѓу КК Работнички и КК Кожув од четвртото коло на Супер лигата (сабота, 1. Април, со почеток во 18:00 часот).