Подводна еко-патрола

За време на снимањето на подводни сцени од  WebOhrid Aquatic, затекнавме многу отпад. Истиот беше собран од наша страна и депониран до најблискиот контејнер. Најзастапен отпад беше стаклото, кое доколку навремено не се извади од водите се крши на многу повеќе парчиња. Би упатиле апел до сите: Да не фрлаат отпад, да не ја загадуваат природата и доколку забележат отпад да се потрудат истиот да го отстранат! А сега, време е за убави нешта! Уживајте во најновите подводни снимки кои ги сними нашата подводна камера… WebOhrid

повеќе...

WebOhrid Aquatic ве води во подводниот свет на Охридското Езеро

WebOhrid ве води во подводниот свет на Охридското Езеро. Ова лето, со WebOhrid Aquatic, ќе ви доловиме повеќе видеа, кои можете да ги погледнете на нашиот youtube канал: WebOhrid. Бидете дел од оваа летна шема 2017, само на WebOhrid! Следете не! Ваш WebOhrid

повеќе...

Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамки на Националната кампања „Информирај се сега!“

Јавен повик за натпревар за најдобро видео во рамките на Националната кампања „Информирај се сега!“ Во рамките на Националната кампања „Информирај се СЕГА!“ Коалиција СЕГА со  Младинските Информативни и Советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци во соработка со Агенцијата за Млади и Спорт (АМС) и Универзитетот Гоце Делчев, Штип организираат Натпревар за најдобро видео кое најдобро ќе ги прикаже перфомансите на мобилната апликација Млади АМС. (Мобилната апликација е достапна на следниот линк.) Наградниот Фонд за најдобро видео изнесува 500 евра во денарска противвредност, и истиот го доделува Агенција за млади и спорт.   Критериуми за учество: Студенти на…

повеќе...

МОК и МКФ со преноси од натпреварите во организација на МКФ

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација, Петар Наумоски, постигна договор со претседателот на Македонскиот Олимписки комитет (МОК) Васил Тупурковски за вршење на директни преноси од страна на МОК ТВ (YouTube каналот) од натпреварите од домашното првенство како и меѓународните натпреварувања во организација на МКФ за сите возрасни категории и во двете конкуренции (машка и женска). Материјалите од снимените видео записи ќе бидат дадени на користење на МКФ сè со цел што подетални анализи на постигнатите резултати и прикажаните перформанси на сите учесници на натпреварот. Двете страни, МКФ и МОК, веруваат дека…

повеќе...

Работна средба на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги и Државната изборна комисија

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска беше домаќин на работната средба со членовите на Државната изборна комисија. Во фокусот на состанокот беа меѓусебното информирање за досегашните активности, како и напорите насочени кон подигнување на нивото на почитување на изборната регулатива. На средбата уште еднаш беа потврдени заложбите за натамошна соработка во согласност со Меморандумот за соработка, потпишан во февруари годинава. Од почетокот на мониторингот на медиумското известување во пресрет на изборите во декември 2016 година, Агенцијата повторно започна да и доставува на Државната изборна комисија седмични извештаи за…

повеќе...

Премиерно – Тајзи со нова романтична балада и спот

Еден од најуспешните, но и најозборуваните артисти на социјалните мрежи продолжува да е активен кога се работи за нови песни и спотови, а публиката навистина ужива во неговите хитови. Последен пат се уверивме во тоа на Вино-Скоп во Скопје каде што и покрај озборувањата собра најголема публика. Деновиве тој сними нова песна и спот кој го изработи „Фабрика“ продукција, додека музиката е на Тајзи и Ивајо. Текстот е исто така на Тајзи, а тој периодов работи и на својот втор соло албум кој треба да излезе наредната година. „Ова е…

повеќе...

СДСМ: Докази од мега скандал – Груевски и Мијалков прислушувале 20 000 луѓе

Од денеска СДСМ и опозицијата го започнуваат проектот „ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА”. Целта е единствена – ДА ЈА ВРАТИМЕ СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА, ДА ГИ ВРАТИМЕ ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ. Oваа папка ќе стане симбол на процесот што денеска го отпочнуваме за враќање на слободата и демократијата. Oва што во интерес на граѓаните и државата сум должен да го споделам со јавноста, е најнепријатното нешто што треба сум повикан да го направам, како одговорен граѓанин на оваа земја. Иако, како и секој човек кој си ја сака државата, искрено жалам што Македонија,…

повеќе...

Внимавајте: Има фото рекс и ФОТО РЕКС!

ВНИМАНИЕ !!! Им се соопштува на сите граѓани дека се појавија одредени личности кои го напаѓаат брендот ФОТО РЕКС и лажно се претставуваат за остварување на своите цели, особено кога е во прашање крајот на школската година. Затоа се молат за секоја информација и закажување да се обратат во претставништвото на Фото Рекс на добро познатото место во чаршијата.

повеќе...

ЛАБАВО ЛАВАБО го про​мовираат својот Прв ​сингл – „Во твојата ​улица“

Момците од Лабаво Лавабо, познати по својата креативност и динамичните настапи, го промовираат својот прв сингл! По големиот успех со преработката на “Niggas in Paris” и одличните реакции на публиката тие повторно изненадуваат со нешто ново, овојпат со нивната прва авторска песна. “Во твојата улица” е најсвежиот производ од работилницата на Лабаво Лавабо и Nipple records, во соработка со Ристо Алчинов (recording, mix, mastering). Како гости во песната се појавуваат Нина Јанева (пратечки вокали) и Кире Бреслиев (труба). Музиката и текстот се дело на фронтменот Бојан Филиповски, додека пак аранжманот…

повеќе...

Аудиовизуелна лабораторија на Факултетот за драмски уметности

Во новата аудиовизуелна лабораторија  на Факултетот за драмски уметности веќе се работат дипломските филмови на студентите од неколку класи. Таа е инсталирана преку проектот на Владата на РМ и Министерството за образование и наука за набавка и опремување на лаборатории на јавните високообразовни институции и во неа се инвестирани 700.000 евра. Премиерот Никола Груевски денеска ја посети лабораторијата на ФДУ и изјави дека е задоволен од задоволството на студентите и професорите кои со неа добиле соодветни услови за вежби и продукции, какви што постојат на филмските академии низ светот. „Таа…

повеќе...