Регионална Конференција: „Финансирање на високото образование: Примена на стратешката визија”

Министерот за образование и наука, Пиштар Лутфиу учествуваше на регионалната конференција: „Финансирање на високото образование: Примена на стратешката визија”, која се одржа во Котор, Црна Гора, организирана од Светската Банка во соработка со Министерството за oбразование на Црна Гора.

Целта на ова конференција беше да ја олесни размената на знаења помеѓу високите функционери на владите на различните држави за најновите новини и ветувачките практики за приближување на стратегиите за финансирање на високото образование со специфичните цели на политиката.

На ова конференција учествуваа и претставници од Министерствата за образование и финансии од Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Грузија (Џорџија), Латвија и Украина, каде дискусиите беа насочени кон приодите на имплементацијата и лекциите научени од искуството во вистинскиот реален живот.

Министерот Лутфиу истакна дека главната стратешка опција одобрена од Македонија за транзиција кон еден правец на повисок економски раст е да се развие покомпетитивен сектор и сектор за претпријатијата насочени кон извозот. За подршка на ова стратегија, секторот за високо образование треба да се трансформира себеси и да ги зголеми своите перформанси. Мобилизацијата на потребните количини на ресурсите и градењето на еден модел на модерна распределба на ресурсите, се приоритети кои ќе овозможат едно потребно ниво на ресурсите и соодветните напори за промоција на иновациите и високата перформанса во редот на институциите на високото образование.

Врз основа на лекциите кои произлегуваат од еволвурањето на механизмите за финансирање од државите на ОЕЦД во минатата деценија ние следиме соодветен модел за алоцирање на средствата во високото образование во Македонија кое би ги имало следниве осум начела за упатство:

Тесна поставеност со националните приоритети,

Експлицитна поврзаност со перформансата,

Рамноправност помеѓу сите групи на населението,

Конзистентност и комаптибилност помеѓу разните инструменти за финансирање,

Објективност и транспарентност во процесот на алоцирање и критериумите,

Стабилнност со тек на времето,

и инстутиционална независност и отчетност.

„Главниот предизвик на планираните финансиски реформи е да ја олесни примената на најдобрите меѓународни практики кои имаат за цел да ја тераат напред перформасата и да донесат нови однесувања во сите погледи на високото образование”, заклучи министерот Лутфиу.