Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ бара одговори на она што СДСМ сака кукавички да го подметне во Собранието

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, на денешното продолжение на конститутивната седница порача дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ едноставно бараат во име на граѓаните кои што секојдневно протестираат да се објави што се СДСМ и Зоран Заев договориле преку Тиранската платформа.

Мицевски порача дека народот и ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволат ниту промена на името, ниту промена на знамето, ниту промена на грбот на Република Македонија, ниту воведување на двојазичност на целата територија, ниту редефинирање и продавање на државните и национални интереси.