На 4ти април (вторник) во хотел Дрим – Струга, со почеток во 12 часот ќе се одржи Локален младински форум кој ќе трае до 14 часот.
Локалниот младински форум е активност која ја реализира Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а е поддржана од канцеларијата на Националниот демократски институт во Скопје.
Целта на форумот е дискутирање на заклучоците и можните решенија предложени од младите на консултативните средби кои беа реализирани во текот на декември 2016 година, а во врска со потребите, проблемите и приоритетите на младите.
На форумот е предвидено да присуствуваат претставници на локалната самоуправа (градоначалник, секретар на општина, советници, општинска администрација), претставници на политички партии (локални ограноци на партии, пратеници, подмладоци и сл.), претставници на образовни установи, граѓански сектор, бизнис сектор, медиуми и сите заинтересирани граѓани, кои ќе имаат прилика по свое наоѓање да се вклучат во дискусиите за потребите, проблемите и приоритетите на младите во Струга.