На 01.04.2017 година во 21,00 часот на ГП Табановце, на излез од Р.Македонија, при ПК на Х.Б. (19) од Р.Албанија било утврдено дека наведената патна исправа не е на лицето кое ја употребува.
Поради основи на сомнение дека се послужил со туѓа ПИ, извршен бил преглед и претрес над истиот и над неговиот багаж, при што пронајдена била неговата оригинална лична карта со неговиот вистински идентитет на име Х.Ф. (23) од Р.Албанија. Истиот бил приведен, а наведената албанска ПИ била привремено одземена. Во 22,10 часот со потврда за предавање на лице, бил предаден е на УПС од СВР Куманово за понатамошна постапка.