Генералното собрание на Обединетите нации со резолуцијата (A/RES/62/139) го прогласи 2 април како Светски ден на свесноста за аутизмот, за да се потенцира потребата да се помогне за подобрување на квалитетот на животот на децата и возрасните кои боледуваат од аутизам, за тие да можат да водат целосен и исполнет живот.
Одбележувањето на овој Ден е организирано од страна на Обединетите нации, односно Одделот за информации од јавен карактер и Одделот за економски и социјални работи.
Темата за оваа 2017 година е: „Кон автономија и самоопределување“.
Конвенцијата за правата на лицата со попреченост го признава правото на лицата со посебни потреби на независност на личноста и на индивидуалната автономија (член 3). Исто така, оваа конвенција го истакнува правото на лицата со посебни потреби за „правна способност на еднаква основа со другите во сите аспекти од животот“ (член 12).
Правната способност е инструмент за препознавање на лицето како човечко суштество со целосна личност, со право да донесува одлуки и да влезе во преговори. Сепак, одредени способности често се гледаат како потребни квалификации за целосна лична автономија, создавајќи пречка за целосна општествена инклузија на лицата со аутизам.
WebOhrid