Меѓународен ден на книгата за деца

Почнувајќи од 1967 година, на 2 април или околу тој ден (роденденот на Ханс Кристијан Андерсен), се одбележува Меѓународниот ден на книгата за деца, со цел да ги инспирира љубовта кон читањето и да се насочи вниманието кон книгите за деца.

Секоја година различен Национален оддел од Меѓународниот одбор на книги за млади (International Board on Books for Young People – IBBY) има можност да биде меѓународeн спонзор на овој ден. Тој одлучува за темата и поканува истакнат автор од земјата-домаќин за да напише порака за децата во светот, како и добро познат илустратор за дизајн на постер. Овие материјали се користат на различни начини за промоција на книгата и читањето. Многу IBBY Секции го промовираат овој ден преку медиумите и организираат активности во училиштата и јавните библиотеки. Често овој ден е поврзан со детските книги и други специјални настани кои може да вклучуваат средби со автори и илустратори, натпревари за пишување или најави за наградени книги.

IBBY Русија е спонзор за Меѓународниот ден на книгата за деца за 2017 година, а темата е „Порасни со книга!“.

WebOhrid