Во знак на одбележувањето на на 2ри април, Меѓународниот ден на свесноста за аутизам, синоќа дел од зградата на Општина Охрид, беше осветлена во сино. Сината боја е заштитен знак за грижата на лицата со аутизам и потсетник за зголемување на јавната свест за инклузија на овие лица во општественото живеење.
Втори април се одбележува како светски ден од 2008 година. Воведен е со одлука на Генералното собрание на ОН, а Македонија се вклучи во одбележувањето од 2010 година. Датумот 2 април е избран во 2007 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации, со цел да се сврти светското внимание кон аутизмот како растечки глобален здравствен проблем. Во текот на 1980 година, според статистичките податоци, аутизмот бил дијагностициран кај околу четири на десет илјади деца. Најновите истражувања покажуваат дека денес 1 од 50 деца има аутизам.