Претставување на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура на ЕУ“ на Саемот на книгата

Министерството за култура на Република Македонија, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, НУ „Струшки вечери на поезијата“, Македонската асоцијација на издавачи, канцелариите на Креативна Европа на Република Бугарија и Република Словенија и издавачката куќа „Белетрина“ од Љубљана, на 6-ти април 2017 година со почеток во 11 часот во рамки на Скопскиот саем на книгата организираат промоција на програмата „Креативна Европа – потпрограма Култура на ЕУ “.

За време на настанот ќе бидат претставени успесите на бугарскиот, словенечкиот и македонскиот издавачки сектор во користењето на механизмите на Европската Унија: „Литературни преводи“ и „Платформи“.

Претставниците на македонските издавачки куќи поддржани од категоријата „Литературни преводи“ се поканeти на дискусија во врска со актуелните теми кои се однесуваат на овие проекти, како што се: бенефитот од проектите за категоријата „Литературни преводи“; забелешки и мислења за овој механизам на Европската Унија (апликација, критериуми и сл.); проблеми со кои се соочуваат издавачите при преводот на дела од „малите“ јазици и преводот на дела на „малите јазици“; „Европска награда за литература“ (бенефит, аспекти, цели ); препораки за новата програмата на Европската Унија по 2020 година; механизми на кофинансирање на проектите и сл.

Во рамките на настанот ќе биде претставена европската поетска платформа „Версополис“ поддржана од категоријата „Платформи“ на „Креативна Европа – потпрограма Култура“, како еден од најуспешните проекти кој се спроведува на европско ниво.

Во прилог ви ја доставуваме програмата на настанот.

Ви благодариме на соработката.

Министерство за култура на Република Македонија

Сектор за европски интеграции и креативни индустрии

Одделение за Креативна Европа – Потпрограма Култура

Промоција на програмата „Креативна Европа 2014-2020 на ЕУ“

Категорија „Литературни преводи“ и проектот европска поетска платформа „Версополис“

6 април 2017 година, Скопје, Саем на книга

Место: Скопски саем

10.30 Посета на штандовите на издавачките куќи поддржани со проекти од категоријата „Литературни преводи“ на „Креативна Европа – Култура“ (официјални претставници на Министерство за култура и Делегација на Европската Унија во Скопје)

11.00 Воведни обраќања

Официјален претставник од Министерството за култура
Јаромир Левичек, Прв секретар на Делегацијата на Европската Унија во Скопје
11.15 Вовед во настанот

Билјана Прентоска, Министерство за култура, Одделение за Креативна Европа – Култура (модератор на настанот)
11.20 Дискусија за актуелните теми поврзани со проектите за „Литературни преводи“ на програмата „Креативна Европа – Култура“:

националните искуства на успешните земји во оваа категорија;
проекти за категоријата „Литературни преводи“ (бенефит, забелешки и мислења);
проблеми со кои се соочуваат издавачите при преводот од „малите“ јазици и на „малите“ јазици;
„Европската награда за литература“ (бенефит, аспекти, цели);
препораки за новата програмата на ЕУ по 2020 година;
механизми на кофинансирање на проектите.
Говорници:

Весела Кондакова, Канцеларија за Креативна Европа – Култура на Р Бугарија;
Претставници на македонските издавачки куќи поддржани од категоријата „Литературни преводи“: „ТРИ“, „Паблишер“, „Или Или“ , „Готен“, „Антолог“, „Магор“ , „Арс Ламина“, „Бата прес“ и „Нам прес“.
Ненад Јолдески, добитник на „Европската награда за литература“ во 2016 г.
12.10 Промоција на европската поетска платформа „Версополис“

Ања Ковач, проект-менаџер на проектот „Версополис“, издавачка куќа „Белетрина“ од Љубљана, Словенија
Мите Стефоски, директор на НУ „Струшки вечери на поезијата“ (македонски партнер во проектот „Версополис“)
12.40 Прашања и одговори

13.00 Затворање на настанот