Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу учествуваше на Саемот на книгата кој се одржува во Скопје. Саемот е организиран во соработка со Асоцијацијата на издавачите на Македонија, Здружението на издавачите од Македонија (ЗИМ) и Здружението на албанските издавачи во Македонија.
Министерот Лутфиу ги посети штандовите на издавачките куќи, при што размени мислења и искуства за научните и образовните публикации и за преводите на класичните и современите автори.
На Меѓународниот саем на книгата се претставија 80 издавачки куќи, и се промовираа над 80.000 книги од домашни и странски автори.