Пронајдена дрога кај стружанец

НККР Струга поднесе кривична пријава против Ј.К,.(23) во Струга, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 28.02.2017 година, во 19.15 часот на ул.„Нико Нестор“ во Струга, извршен е преглед врз пријавениот и пронајдена е една паковка со 7,27 грама марихуана.