Кривична пријава за охриѓанец кој нападнал полицаец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.А.(29) од Охрид за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност”.

На 09.03.2017 година, во 17,20 часот, додека полициски службеник превземал мерки за физичко сообраќајно обезбедување на собир на граѓани „За заедничка Македонија” на ул. „Јане Сандански” со Булевар „Туристичка” пристигнал пријавениот, се паркирал и возилото го оставил на коловозната лента, со што го загрозил нормалното одвивање на сообраќајот. Од страна на полицискиот службеник му било дадено наредба да го отстрани возилото и да продолжи со движење, но пријавениот на таквата наредба се оглушил по што му биле побарани на увид сообраќајната и возачката дозвола со цел констатирање на прекршок, но истиот го турнал полицискиот службеник во пределот на градите и се обидел со возилото да замине од местото на настанот, заради што е приведен во ПС Охрид.