Обука за спречување на прекуграничната трговија на супстанции и стратешки стоки за двојна употреба

Во рамките на Проектот за вршење на контрола на стратешки стоки спроведуван од Светска царинска организација (СЦО), организирана е обука за спречување и откривање на прекуграничната трговија на хемиски, биолошки, радиоактивни и нуклеарни супстанции и стратешки стоки за двојна употреба во соработка со Царинската управа на Република Македонија. Обуката се одржува од 04 до 07.04.2017 година во Царинската управа во Скопје. Целта на обуката, на која предавачи се експерти од СЦО, е зајакнување на националните капацитети и контрола на стратешки стоки.

Обуката се состои од два дела, првиот дел се дискусии и разговори со учесниците од Царинската управа и учесниците од надворешните институции кои се вклучени во обуката. Вториот дел се состои од обука за учесниците во спроведувањето на контрола, процена на ризик, профилирање, таргетирање, ревизија или оперативни активности.

На обуката учествуваат претставници од Министерството за економија, Министерството за внатрешни работи, Министерство за одбрана и Царинската управа.