СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Р.(30) од Охрид за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ а од страна на судија на претходна постапка му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 31.03.2017 година околу 01:00 часот во Охрид на ул. „Климентов Универзитет“, пред куќа сопственост на Н.Д. (42), од непознати причини опожарено било ПМВ „Волксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, негова сопственост, по преземени мерки утврдено е дека сторител е П.Р.